Правдико

   

Карактеристики на договорот за дар

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

contractКога се склучува договор за дар ишто претставува негов предмет?

Договорот за дар се склучува во оние случаи кога договорните страни ќе се согласат едниот од нив, дародавачот, да му даде нешто на другиот, даропримачот, кој, пак, не е обврзан на никаков против надомест. Договорот за дар, покрај купопродажбата, претставува и еден од начините за стекнување сопственост на недвижности (на пример, куќа или стан), подвижни ствари (на пример,  скапоцен часовник) или права (на пример, право врз трговскамарка).

За да се дарува некоја ствар не постојат ограничувања во погледна лицата што даруваат или го примаат дарот, односно не се бара постоење крвна или брачна врска. Сепак, доколку дарот е направен од лице со кое даропримачот е во сродство од прв наследен ред, тогаш тој е ослободен од даночните обврски (на пример, татко дарува син). Во секое друго сродство, должен е да плати данок на додадена вредност, во висина од 5%.

Оттука, во моментот кога е предадена стварта престанува правото на сопственост на дарувачот,  а настанува правото на сопственост на даропримачот на односниот предмет. Предмет на овој договор претставува дарот (подарокот), кој може да биде ствар или право. Оттука,  произлегува дека само имотните права може да бидат предмет на договорот. Притоа, треба да се работи за предмет или право со коешто некое лице фактички и правно располага во моментот на склучување на договорот. Дарот неможе да се состои во одрекување од некое имотно право што уште не е стекнато, одрекување од наследство, од некое спорно право итн.

Кои се карактеристиките на договорот за дар?

а) Договорот за дар е двостран договор, што значи за неговото склучување е потребна согласност и на дарувачот и на даропримачот;

б) Консензуален договор – склучен е во моментот кога меѓу дарувачот и даропримачот е постигната согласност за подарување на стварта;

в) Се работи за еднострано-обврзувачки договор, што значи кај него постои само обврска на страната на дарувачот, а право на страната на даропримачот;

г) Доброчин договор – даропримачот ја добива даруваната ствар и го стекнува правото на користење,  т.е. правото на сопственост на истата, без надомест.

contract-signingВо каква форма се склучува договорот за дар?

Начелно, за да произведе правно дејство, договорот за дар треба да биде склучен во писмена форма. Доколку се работи за недвижности, договорните страни го склучуваат договорот во писмена форма и го заверуваат кај нотар. Ако, пак, се во прашање подвижни предмети, писмената форма не е задолжителна, туку доволно е дарувачот даму го предаде предметот на даропримачот. Конечно, во случај на договор за дар во корист на трето лице, писмен договор не е потребен доколку, се разбира, предметот (дарот) е подвижeн.

Која е содржината на договорот за дар?

Од договорот за дар за даруваниот и дарувачот произлегуваат соодветни права и обврски во врска со предавањето на предметот и пренесувањето на правото, како и во врска со гарантирањето за својствата на предметот.

Извор: Учиме право – Младински образовен форум

Партнери на Правдико