Правдико

   

Новата цена за сметководствените услуги донесена незаконски

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за финансии реагира на одлуката на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС) со која значително се зголемува висината на минимални трошоци за вршење книговодствени работи и на надоместокот за сметководствени услуги. Со одлуката неколкукратно се зголемуваат надоместоците за вршење сметководствени услуги.

„Согласно Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на Институтот, нема основа за донесување на оваа одлука. Истовремено, Министерството за финансии појаснува дека оваа одлука е надвор од рамките на законот со оглед на фактот што Управниот одбор на Институтот има надлежност да ги утврди само критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги, но не и висината на надоместокот за тие услуги“, стои во реакцијата на Министерството за финансии.

Спорната одлука Институтот за сметководители и овластени сметководители на Македонија ја донесе на седницата на Собранието на Институтот одржана на 19 мај.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико