Правдико

   

Нови предлог измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Република Македонија задолжителното пензиско и инвалидското осигурување како област е уредено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување . Со предложеното законско решение ќе се подобри социјалната положба на корисниците на пензија во смисла на тоа дека со Предлог законот ќе се усогласат пензиите во 2018 година односно истите да изнесуваат 5%.

Основна цел на Предлог – законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните. Предложениот текст на законот се заснова на начелата на правото на социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните согласно член 34 од Уставот на Република Македонија, начелото на социјална праведност за осигурениците и корисниците на права од пензиско и инвалидско осигурување и членовите на нивните семејства.

Со цел подобрување на социјалната положба на корисниците на пензија се предлага усогласувањето на пензиите во 2018 година да изнесува 5%.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико