Правдико

   

Новите цени за полагање на возачки испит

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

hands on steering wheelВрз основа на член 394 алинеја 15 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ број 169/15, 226/15 и 55/16) министерот за внатрешни работи донесе Правилник за минимална цена за оспособување  на кандидати за возачи во автошкола и минимална цена за спроведување на возачки испити во испитен центар.

Со овој правилник се пропишува минималната цена за оспособување на кандидати за возачи во автошкола и минимална цена за спроведување на возачки испити во испитен центар.

Минималната цена на спроведената обука на кандидат за возач за наставната програма сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и наставната програма управување со возило (практичен дел) во автошколата согласно минималните пресметани елементи на вредност, се утврдува на следниот начин:

Ф категорија 12 наставни часа x 150,00 денари + 12 наставни часа x 407,00 = 1800,00 денари +   4884,00 денари =6.684,00 денари

Г категорија 12 наставни часа  x 150,00 денари  = 1.800,00 денари

–  АМ  категорија 12 наставни часа  x 150,00 денари = 1.800,00 денари

– А1 категорија 16 наставни часа x 150,00 денари + 16 наставни часа x 400,00 денари = 2400,00 денари + 6400,00 денари =8.800,00 денари

А2 категорија 16 наставни часа x 150,00 денари + 16 наставни часа x 4500,00 денари = 2400,00 денари + 7200,00 денари =9.600,00 денари

А категорија 16 наставни часа x 150,00 денари + 16 наставни часа x 500,00 денари = 2400,00 денари + 8000,00 денари =10.400,00 денари

Б категорија 20 наставни часа x 150,00 денари + 36 наставни часа x 370,00 денари = 3000,00 денари + 13320,00 денари =16.320,00 денари

БЕ категорија 4 наставни часа x 150,00 денари + 8 наставни часа x 390,00 денари = 600,00 денари + 3120,00 денари =3.720,00 денари

Ц1 категорија 10 наставни часа x 150,00 денари + 20 наставни часа x 900,00 денари = 1500,00 денари + 18000,00 денари =19.500,00 денари

Ц1Е категорија 4 наставен час x 150,00 денари + 8 наставни часа x 1600,00 денари = 600,00 денари + 12800,00 денари =13.400,00 денари

Ц категорија 10 наставни часа x 150,00 денари + 20 наставни часа x 1000,00 денари = 1500,00 денари + 20000,00 денари =21.500,00 денари

ЦЕ категорија 4 наставни часа x 150,00 денари + 8 наставни часа x 1800,00 денари = 600,00 денари + 14400,00 денари =15.000,00 денари

Д1 категорија 10 наставни часа x 150,00 денари + 10 наставни часа x 1300,00 денари = 1500,00 денари + 13000,00 денари =14.500,00 денари

Д1Е категорија 4 наставни часа x 150,00 денари + 8 наставни часа x 1600,00 денари = 600,00 денари + 12800,00 денари =13.400,00 денари

Д категорија 10 наставни часа x 150,00 денари + 16 наставни часа x 1500,00 денари = 1500,00 денари + 24000,00 денари = 25.500,00 денари

ДЕ категорија 4 наставни часа x 150,00 денари + 8 наставни часа x 1800,00 денари = 600,00 денари + 14400,00 денари =15.000,00 денари

Screenshot_1

При определувањето на минималната цена за обука за поединечните категории на возила од членовите 2, 4, и 6 од овој правилник пресметан е данокот на додадена вредност. Спроведената обука од категориите Ц1, Ц1Е, Ц, ЦЕ, Д1, Д1Е, Д и ДЕ не подлежи на данок на додадена вредност.

Во вкупната цена за оспособување на кандидати за возачи по теоретски и практичен дел од наставната програма, вклучена е и цената на пробниот тест и издавањето на сите потврди во врска со наведената обука.

 

Автошколата не може да определи пониска цена од минималната цена и  не може на било кој начин да објавува и рекламира пониска цена за обука од минималната цена утврдена со одредбите од овој правилник, за било која категорија на возила.

Минималните пресметани елементи на вредност за испитан кандидат за возач по наставната програма сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) во испитниот центар  за сите категории на возила се:

– трошоци за работа на испитната комисија (испитан кандидат за возач/денари),

–  трошоци за амортизација или закуп (испитан кандидат за возач/денари),

–  други трошоци за полагање на испитот (испитан кандидат за возач/денари).

Screenshot_2

Минималните пресметани елементи на вредност за испитан кандидат за возач по наставната програма управување со возило (практичен дел)  се:

– трошоци за работа на испитната комисија (испитан кандидат за возач/денари),

– трошоци за возила (испитан кандидат за возач/денари),

– други трошоци за   полагање на испитот (испитан кандидат за  возач/денари).

Минималните пресметани вредности за испитан кандидат за наставната програма управување со возило (практичен дел)  за сите категории на возила во испитен центар се прикажани табеларно:

Screenshot_3

Во вкупната цена на спроведувањето на теоретскиот и практичниот дел од возачкиот испит вклучени се трошоците за издавање на уверение за положен возачки испит како и издавањето на сите потврди во врска со возачкиот испит.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико