Правдико

   

Обвинителството поведе постапка против четворица за промет со дрога

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Obvinitelstvo SkopjeОсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајца од осомничените се македонски државјани, еден е државјанин на Албанија и еден е од Косово.

Кај осомничените лица се пронајдени над 100 килограми наркотична дрога марихуана, наменета за Турскиот нарко пазар.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на  мерката притвор за четирите лица. Предлогот со Решение на судот е прифатен и е изречен притвор од триесет дена за секој од осомничените.

Истрагата за стореното дело продолжува со преземање на дејствија од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Партнери на Правдико