Правдико

   

Од 52 случаи на напади кон новинари, пет се предадени на ОЈО и пет се на суд

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Само 10 од 52 случаи на напади кон новинари се целосно истражени од кои пет се предадени во Основно јавно обвинителство, а пет во суд каде биле констатирани полесни прекршоци.

Овие податоци МВР ги испратило до Здружението на новинари (ЗНМ) откако Здружението барало одговор колку случаи на напади кон новинари имаат регистрирано, во колку од нив имаат постапено и колку се предадени на ОЈО односно на судот, вели извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

– За говор на омраза против новинари немаме добиено информација официјално дали се водат тековни постапки пред ОЈО. ЗНМ неколку пати периодов поднесе барања за постапување против лица кои им се закануваат на новинари на социјални мрежи и онлајн медиуми, но ОЈО не има одбиено на прв и на втор степен. Таков преглед не е изготвен или ако е ние не сме информирани за тоа – додава Секуловски.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико