Правдико

   

Одложено рочиштето за „Труст“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето за предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство денеска е одложено поради влошена здравствена состојба на второобвинетиот Василије Авировиќ. Ново рочиште во Кривичниот суд за овој предмет е закажано за 23 јануари.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, кој денеска дојде во Судот, и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико