Правдико

   

Односите со Русија нема да влијаат на врската помеѓу Грција и НАТО

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

БРИСЕЛ- Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос денес изјави дека новата влада во Атина ќе остане посветена на својата улога во НАТО, без разлика на блиските врски на државата со Русија, кои предизвикуваат загриженост на нејзините сојузници.

180697

“Ги уверив дека односите ќе продолжат како и претходно “, изјави Каменос за АФП веднаш по состанокот со генералниот секретар на НАТО Џенсон Столтенберг  и неговиот заменик во Брисел.

Меѓутоа Каменос додаде “секако, Грција има политички односи со Русија”.

Новиот шеф на грчката дипломатија Никос Коцијас изјави во неделата ” ЕУ мора конечно да разгледа што сака да направи со Русија на долгорочни основи”.

“Грција не може да ги пресече своите историски врски со Русија, но може да игра улога на посредник и да развие преговори меѓу Русија и Украина”, изјави Коцијас во интервју за агенцијата АНА.

После доаѓањето на власт претходната недела, левичарската грчка влада одби да ја одобри декларацијата за новите санкции кон Русија, наведувајќи дека не е претходно консултирана.

Далеку поблага декларација е усвоена на состанокот  на министрите за надворешни работи на ЕУ во четвртокот во Брисел, потсети француската агенција.

Извор: Tanjug

Партнери на Правдико