Правдико

   

ОЈО ќе постапува по кривична пријава во врска со серијата „Македонија“

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе постапува по кривичната пријава во врска со снимањето на играната серија „Македонија“.

До ОЈО денеска од страна на Управата за финансиска полиција била поднесена кривична пријава против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувањето.

Од Обвинителството информираат дека лицето како раководен субјект на Агенцијата за филм во периодот од октомври 2016 година до септември оваа година, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување, го оштетило буџетот на Република Македонија за износ од 68.000.000 денари. Имено, при постапката за финансирање на проектот – играната серија „Македонија‘‘, осомниченото лице овозможило друштвото за филмска и видеопродукција „Јадран филм“ ДООЕЛ Скопје да стекне противправна имотна корист во погоре наведениот износ, а на штета на буџетот на Република Македонија.

По известувањето од Управата за финансиска полиција, ОЈО минатиот месец отвори предистражна постапка и денешната кривична пријава е земена за работа и по неа се постапува.

Од Обвинителството велат дека за понатамошниот тек на истрагата јавноста континуирано ќе биде известувана.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико