Правдико

   

Олеснувања во постапката за пререгистрација на лицата со ниски примања

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

fzoСо цел да се овозможи полесно остварување на правото за добивање здравствено осигурување, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, од оваа година, по службена должност ќе врши пререгистрација во задолжително здравствено осигурување на лицата со ниски примања.

Имено, невработените лица кои имаат континуитет во здравственото осигурување, односно во текот на 2014 година извршиле регистрација во Фондот, од 1-ви април 2015 година нема потреба да доаѓаат и да носат документи на шалтерите во подрачните служби за нова пререгистрација. Ним автоматски ќе им биде продолжено осигурувањето и ќе имаат континуирано здравствено осигурување заклучно со 31.03.2016 година.

Регистрацијата ќе биде задолжителна само за оние невработени лица кои за прв пат се пријавуваат за здравствено осигурување. Фондот, врз основа на електронски добиените податоци од УЈП, според остварените нето приходи како семејство определува во која категорија припаѓа осигуреното лице. Потенцираме дека како приходи на семејство се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравствено осигурување (брачен другар, деца).

Лимитите за здравствено осигурување согласно нето приходот остварен во 2014 година изнесуваат: – До 105.600,00 денари – здравственото осигурување го покрива државата, – Од 105.600,00 денари до 189.864,00 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 17.600,00 денари– здравственото осигурување го покрива државата, – Од 105.600,00 до 189.864,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осугуреникот во износ од 50% на просечна плата т.е. 1155,00 денари месечно. – Над 189.864,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осугуреникот во износ од 100% на просечна плата, т.е. 2310,00 денари месечно.

По извршената проверка на податоците, доколку се утврди дека осигуреното лице спаѓа во друга категорија со повисоки приходи, а не го пријавило тоа и користело здравствени услуги, Фондот, по службена должност, ќе донесе решение за престанок на својството на осигурено лице.Ако невработениот даде податоци за остварени нето приходи кои не се во согласност со податоците добиени од Управата за јавни приходи , му престанува својството на осигурено лице со што му се укинуваат правата од задолжително здравствено осигурување, освен правото на итна медицинска помош. Решенијата сите осигуреници ќе ги добијат по писмен пат преку пошта. За сите подетални информации поврзани со Проектот за регистрација/пререгистрација на невработените лица, осигурениците може да се обратат на бесплатната инфо линија 080033222
или на мејлот: info@fzo.org.mk како и на веб страницата www.fzo.org.mk во делот на пререгистрација на лица со ниски примања.

Извор: ФЗО

Партнери на Правдико