Правдико

   

ОН ги повикаа САД на одговорност за наводната тортура

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комитетот за борба против тортура на Обединетите нации ги повика денеска САД на одговорност поради тврдењата за насилство, почнувајќи од трансферите на луѓе од една земја во друга, кои ЦИА ги спроведуваше тајно, до бруталноста на полицијата и условите во кои се држат затворениците во Гвантанамо

12112014212052_gvantanamo

На почетокот на дводневниот состанок на Комитетот, еден од главните иследници на ова десетчлено експертско тело, Алесио Бруни, ја праша американската делегација какви конкретни мерки се преземени за да се применат јасните директиви на претседателот Барак Обама против тортурата.

Мери Мек Лиод, правен советник на Стејт департментот, призна дека резултатот во борбата против тортурата во САД од терористички напади извршени на 11 септември 2001 година не биле секогаш на „висина на американските вредности“, вклучувајќи ги вредностите, кои САД се должни да ги почитуваат во согласност со Конвенцијата на ОН за сузбивање на тортурата.

– Како што призна претседател Обама, ја преминавме линијата и преземаме одговорност за тоа, рече таа, тврдејќи дека САД преземаат важни чекори за да ги испочитуваат своите правни обврски.

Том Малиновски, помошник државен секретар на САД, изјави пред членовите на Комитетот дека Владата смета оти тортурата, како и суровиот, нехуманиот и деградирачкиот третман и казнување треба да бидат забранети на секое место и во секој момент, без исклучок.

Белата куќа соопшти дека администрацијата исто така ја разгледува можноста за забрана на тортурата врз затворениците во прекуморските области, вклучувајќи го заливот Гвантанамо. МИА

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико