Правдико

   

Опожарени две возила во Битола

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Битола ноќеска се опожарени две патнички возила при што е причинета материјална штета.

Полицијата денеска соопшти дека пожарот настанал околу 03:25 часот на улицата Благојче Сиљановски, а опожарено било возило „ауди“ со битолски таблички, сопственост на М.Ш.К. (37). Од пожарот биле зафатени предниот и задниот дел од возилото, а исто така било опожарено и патничко возило „рено твинго“ сопственост на Ѓ.Х. (47).

Пожарот е изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица во Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико