Правдико

   

Опожарено „БМВ“ во Битола

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Опожарен автомобил со марка „БМВ“, кој е во сопственост на веќе починатиот Б.Р., бил забележан од граѓанин на улицата „Питу Гули“ во Битола.

– Најпрво се слушнало пукање, а по кратко време тап удар, по што граѓаниниот кој го пријавил случајот, забележал дека возилото е во пламен – објаснуваат од МВР.

По пријава во Територијалната противпожарна единица во Битола, констатирано е дека во пожарот се оштетени хаубата, покривот, двете предни врати, сите стакла и целата внатрешност на возилото.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата во Битола. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико