Правдико

Правдико Информатор

Предлог измени во Законот за електронски комуникации ||| Повик за учесници: Лидерски форум за слободни студенти ||| Семинар за обука во врска со слободата на изразување и правото на приватен живот – судска пракса на есчп ||| Промоција на публикација “водич за право на слобода и на безбедност“ и “извештај од истражувањето – позитивни обврски за земјите – членки според членот 10 за заштита на новинарите и за спречување на неказнивоста“ ||| Ново упатство за приложени документи кон единствениот царински документ ||| За стопански спорови до милион денари ЗАДОЛЖИТЕЛНА медијација - Предлог измени на ЗПП ||| Протокол за побрз проток на стока на граничните премини Tабановце и Богородица ||| Предлог измени во Законот за превоз во патниот сообраќај ||| Предлог измени на Законот за вработување на лица со инвалидност ||| Оглас за вработување во Комисијата за заштита на конкуренцијата - 4 слободни места
   

Основна обука за новиот ЗКП во соработка со Американската адвокатска комора

© Copyright 2014 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

apelacija-660x303Адвокатската комора на Република Македонија и Американската адвокатска комора продолжуваат заеднички да организираат основни обуки за адвокати за новиот Закон за кривична постапка, чија примена започна од 1 декември 2013 година.

Како што сте веќе информирани, обуките ги држат домашни и странски експерти и истите опфаќаат учење на основни судски вештини, со посебен акцент на учење на практичните вештини. Имено, ќе бидат објаснети релевантните делови од новиот Закон за кривична постапка и основните судски вештини. Овие вештини вклучуваат како и кога да се пристапи кон спогодување за вина, што е целта на воведниот говор, односно што претставува и како изгледа директното и вкрстеното испитување. На крајот на обуката ќе бидат доделени сертификати од Адвокатската комора на Република Македонија и Американската адвокатска комора.

Овие обуки се отворени за сите заинтересирани адвокати и се бесплатни. Предвидено е на една обука да земат учество најмногу 20 адвокати, со цел на секој учесник да му се даде можност да ја вежба секоја вештина посебно и да биде оценет од страна на експертите.

Следната основна обука за новиот ЗКП е закажана за следниот термин:

13 декември – 14 декември 2013 година

Обуката ќе се одржи во Скопје во “Клуб на новинари“ и се состои од целодневна настава почнувајќи од 10.00 до 18.00 часот. Присуството е задолжително и двата дена. Трошоците за патување и сместување нема да бидат покриени. Исто така, оние адвокати кои нема да го поминат основниот курс, нема да може да учествуваат на подоцнежните напредни обуки, односно се работи за специјализирани обуки коишто се веќе во тек. Имено, во тек се обуки од областа на форензиката и притворот пред судење, а понатаму се планира организација и на друг тип на специјализирани обуки.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведените обуки е до 9 декември2013 година и истите своето учество можат да го пријават на следните е-маил адреси:ristik@abaroli.mk или lawyermk@mba.org.mk. Ве молиме при регистрацијата да ги наведете Вашите контакт податоци (име и презиме, адреса, телефон, е-маил адреса) и задолжително наведете ја обуката за која се пријавувате (датумот на одржување на конкретната обука). Оние адвокати кои ќе се пријават ќе добијат писмена потврда по електронски пат, заедно со сите потребни информации во врска со обуката. Како и до сега, учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

 

Извор: Адвокатска комора на РМ

Партнери на Правдико