Правдико

   

Основни правила за безвизно патување

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

timthumbКолку време можат патниците да останат во Шенген зоната?

Граѓаните од  Македонија кои поседуваат биометриски пасош можат да останат во Шенген зоната максимум до 90 дена од датумот на влез во период од шест месеци (180 дена). Овој период се смета од вашиот прв влез на територијата во рок од шест месеци. На пример, доколку сте влегле во Шенген-зоната на 1 февруари, следниот шестмесечен период започнува на 1 август. Ако често патувате во Шенген-зоната, ваша е одговорноста да го пресметате преостанатиот број на денови од шестмесечниот период.

Оттаму, може да остварите повеќе кратки патувања, под услов дека времетраењето на сите тие патувања да не е подолго од вкупно 90 дена во период од 6 месеци.

Дали можете да живете и работите во Шенген зоната?

Новите правила се однесуваат само на патувањата. Според новите правила, граѓаните на  Македонија не добиваат право да престојуваат повеќе од 3 месеци или пак да се вработат во Шенген зоната. Доколку планирате да останете подолго од три месеци, да се вработите или пак да студирате во временски период подолг од 90 дена, имајте предвид дека пред вашето заминување, мора да поднесете апликација за виза за долг престој, дозвола за престој или работна дозвола во амбасадата или конзулатот на земјата во која ќе патувате. Работа или престој во Шенген-зоната без релевантна национална дозвола за работа или престој се незаконски.

Не постојат дополнителни финансиски или административни услови кои треба да ги исполнуваат лицата кои  поседуваат биометриски пасош за да патуваат слободно во земјите од Шенген-зоната. Меѓутоа, вообичаените  услови за влез на сите државјани на други земји кои патуваат во Шенген-зоната се применуваат. На  граничните премини, на патниците може да им бидат побарани докази дека располагаат со средства за тоа  патување, како и со средства со кои ќе се издржуваат во текот на престојот во Шенген-зоната.

На патниците,  исто така, може да им биде побарано да покажат каде ќе престојуваат (на пример, хотелска резервација  или адресата на која ќе престојуваат). Покрај тоа, патниците не треба да се сметаат за закана за јавниот ред,  јавното здравје или внатрешната безбедност, и не треба да се лица за кои се доставени предупредувања  за одбивање на нивниот влез во земјата. Граничните власти на земјите-членки имаат право да одбијат влез  доколку тие услови не се исполнети и тие ја носат крајната одлука за влез (Член 5 од Шенген Конвенцијата).

На граничниот премин со Грција ќе се применува посебна процедура. Грчките власти нема да ставаат  печати за влез и излез од земјата во пасошите кои се издадени од поранешна Југословенска Република  Македонија. Грчките власти ќе ставаат печати на посебен документ кој ќе му биде даден на патникот.

Извор: http://eeas.europa.eu

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Вашите права и обврски при организирано патување

– Колку е моќен вашиот пасош?

– Постапка за издавање меѓународна возачка дозвола

Партнери на Правдико