Правдико

   

Осомничениот за нападот во Париз им се предал на белгиските власти

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вториот осомничен за вчерашниот терористички напад во Париз по кого трагаа француските власти и се предаде на белгиската полиција, соопшти портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи.

Француските власти привеле тројца членови на семејството на напаѓачот кој синоќа уби полицаец на познатата авенија Шанзелизе.

-Маж за кого белгиските власти распишаа потерница и се предаде на полицијата во Антверпен, изјави за АФП Пјер Анри Бранде.

Претходно Бранде за радио станицата Европа 1 потврди дека вториот напаѓач бил идентификуван од белгиските безбедносни служби, за што биле известени и француските власти.

Според него, двајцата полицајци кои се ранети во нападот се надвор од животна опасност.

Во нападот за кој одговорноста ја презеде Исламската држава еден полицаец е убиен, додека двајца се тешко ранети. Еден од напаѓачите е убиен, а по вториот беше издаден налог за апсење и се веруваше дека во Париз пристигнал со воз од Белгија.

Во меѓувреме на Јутјуб се појави аматерско видео од моментот на нападот. На снимката се гледа напаѓач вооружен со калашњиков како пука кон полицијата. СНимката прикажува две лица покрај полициското комбе покрај кое е паркиран автомобил со сребрена боја.

Извор: Нова тв

Партнери на Правдико