Правдико

   

Парични примања кои не подлежат на извршување

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

credit-card-debt( Обновено 10.01.2017 г.)Извршувањето врз парични побарувања е еден од најзастапениот вид на извршување, со оглед на својата едноставност на спроведувањето, минималните трошоци и извесноста во можноста за намирување на доверителот.

 

Во Законот за извршување законодавецот предвидел точно кои парични примања се изземени од извршување, со што се нагласува начелото на заштита на должникот за одредени примања.

Врз основа на член 116  од Законот за извршување изземени се од извршување:

1) примање врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката;

2) примање врз основа на надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување;

3) примање врз основа на права на парична помош од социјална заштита;

4) примање врз основа на привремена невработеност;

5) примање врз основа на додаток на деца;

6) примање врз основа на стипендија, кредит и помош на ученици и студенти;

7) примање на питомци на Воената академија;

8) надоместок за работа на осуден во казнено- поправен дом, освен за побарување врз основа на законско издржување, како и за побарување на надоместок на штета предизвикана со кривично дело на осудениот и

9) примање врз основа на патни трошоци

10)средствата на посебната сметка која ја поседува извршителот

Ограничувања на извршувањето

debtИзвршувањето врз плата и пензија, како и врз надоместок наместо плата, за побарување врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката, може да се спроведе до износот од една половина, а за побарувања по друга основа – до износот од една третина на платата или пензијата. Ова исто така се применува и врз примањата на лица во резервниот состав на армијата и полицијата.

Извршувањата врз примањата на воени и мирновременски воени инвалиди врз основа на инвалиднина, ортопедски додаток и инвалидски додаток, може да се спроведе само за побарувања врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката и тоа до износот од една половина на тоа примање.

Извршување врз примањето врз основа на договор за доживотна издршка и доживотна рента, како и врз примањето врз основа на договор за осигурување на животот, може да се спроведе само на делот кој го надминува износот на најниската социјална помош која се исплатува на подрачјето на кое должникот има живеалиште.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Приговор во случај на неправилности при извршување

– Нотарска постапка во случај на неплатени сметки

– Кои предмети не можат да ви бидат одземени од извршител

– Кои сметки застаруваат за 1 година?

Партнери на Правдико