Правдико

   

Пет закони за амнестија за 26 години

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во образложението на подносителот на предлог-законот за амнестија се вели дека институтот амнестија наоѓа смисла во неприкосновеното право на казнување на државата, од каде што произлегува и правото на простување на сторителот на казненото дело. Казната претставува справедлива одмазда за извршеното дело, додека амнестијата претставува простување, израз на добра волја и милост кон осудените лица да се помогне во процесот на нивната ресоцијализација.


Амнестијата како законска мерка постои и се применува во многу европски држави. Во Уставот на Франција е пропишано дека надлежен орган за давање амнестија е Собранието, додека во Италија е позната општа амнестија, која ги опфаќа сите затвореници. Ваков акт бил донесен во 2006 година и, со него, на осудените лица им биле скратени три години од изречената казна. Амнестијата како акт на милост е позната и во правниот систем на Швајцарија и на Турција,  како и во Обединетото Кралство. Во Словенија, Законот за амнестија е донесен во 2001 година, додека во Србија Законот за амнестија е донесен во 2010 година, како и во 2012 година. Во Република Македонија од моментот на нејзиното осамостојување се донесени повеќе закони за амнестија.

Првиот закон за амнестија е донесен во 1991 и со него биле опфатени осудените лица што се наоѓале на издржување затворска казна, како и оние што сѐ уште не биле упатени на издржување на казната. Законот за амнестија од 1999 година се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела казниви со Кривичниот законик и со друг закон на Република Македонија, на кои од страна на домашен суд им била изречена единствена казна затвор, како и лица осудени со правосилна пресуда од суд на поранешните југословенски републики, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната во казнено-поправните установи во Република Македонија. Во 2002 година е донесен Законот за амнестија како резултат на потребата од поставување соодветна правна рамка како инструмент за реализација на Охридскиот договор.

Закон за амнестија е донесен и во 2003 година (ревидиран во 2004 година), а неговите одредби се однесувале на граѓаните на Република Македонија што не ја извршиле воената обврска. Од Владата сметаат дека со оглед на сите овие факти е потребно да се предложи донесување нов закон за амнестија како израз на добра волја на државата кон одредена група правосилно осудени лица, а со цел за нивна ресоцијализација и растоварување на затворите од прекумерниот број лица што се наоѓаат на отслужување затворска казна, наедно имајќи ги предвид и условите во казнено-поправните установи во државата. Во образложението на предлог-законот се вели дека целите што ќе се постигнат со негово донесување се: ресоцијализација на сторителите на кривични дела; финансиско растоварување на буџетот на Република Македонија, во однос на издржувањето на затворската популација, како и потребата за јакнење на рехабилитативниот концепт и помагање на процесот на реинтеграција на осудените лица.

Про и контра за помилувањето затвореници: Што мислат правните експерти за законот за амнестија

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико