Правдико

   

Петмина битолчани и прилепчани проневериле платежни картички

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Петмина македонски државјани од Битола и Прилеп се осомничени дека скимирале платежни картички на банкомати, односно вградувале апарати за читање на податоци што подоцна ги користеле за изработување на лажните платежни картички што биле употребувани во Македонија и во странство, соопшти Министрството за внатрешни работи.

platezhni-kartichki-novchanik-768x432

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во денешното соопштение наведува дека донело Наредба за спроведување на истражна постапка против пет македонски државјани од Битола и Прилеп. Осомничените се товарат дека сториле кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело“, “изработка и употреба на лажна платежна картичка” и „злосторничко здружување“ по одредби од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје за четворица од осомничените доставил предлог за определување мерка – притвор, додека за едно лице предложи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико