Правдико

   

По 209 дена, Холандија доби влада

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Лидерите на четирите холандски партии денеска постигнаа конечен договор за нова влада, изјави холандскиот премиер Марк Руте, пренесе холандската новинска агенција АНП.

На договорот му претходеле 209 дена преговарања. Американската новинска агенција наведува дека се очекува дека премиерот Руте, денеска официјално да ја соопшти програмата на новата влада и тоа заедно со лидерите на демохристијаните, центристичката партија Д66 и Христијанската унија.

Изборите во Холандија се одржани на 15 март, а новата коалиција ќе има тесно мнозинство од само еден пратеник во Долниот дом на парламентот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико