Правдико

   

Почна судењето за сообраќајката на „Илинденска“ – обвинетата не се чувствува виновна

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска започна судењето за сообраќајната несреќа во која животот го загуби тринаесетгодишниот Давид Анѓеловски.

Обвинетата за смртта на Давид, Маја Лукарева вработена во агенцијата за храна и ветеринарство пред судот се изјаснила дека не се чувствува за виновна и дека во текот на постапката ќе го докаже тоа.

Покрај тоа денеска биле сослушани и тројца сведоци кои зборувале за околностите под кои се случила несреќата.

На следното рочиште, закажано за 30 август, се очекува да се продолжи со доказна постапка. Судењето постојано се одложуваше, а несреќата се случи во септември 2015 година на булеварот „Илинденска“ во Скопје додека момчето возеше велосипед.

Извор:TV24

Партнери на Правдико