Правдико

   

Почнува судењето за „Тврдина“ прв случај на СЈО

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sud krivicenЗа понеделник, 28 ноември, закажано е рочиште за предметот од случајот „Тврдина“, во кој Специјалното јавно обвинителство сомничи седум лица за кривичното дело фалсификување на службена исправа и уништување на документација од Управат на безбедност и контраразузнавање.

„Судечкиот судија кај кого беше распореден обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против седум лица осомничени за кривичното дело „Фалсификување на службена исправа…, по добивање на предлогот, оформи предмет и закажа рочиште за 28.11.2016 година во 11:30 часот за кога се испратени покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог“, соопшти Киривчниот суд на почетокот од месецов.

Веднаш по поднесување на обвинителниот предлог, СЈО поднесе и барање за изземање на надлежниот судија, која во јавноста стана позната од нелегално прислушуваните разговори како „сваровски судија“, но тоа беше одбиено од претседателот на судот, а подоцна и од Апелација.

Во случајот осомничени се седуммина припадници на Управата за безбедност и контраразузнавање, меѓу кои и Горан Грујовски, поранешен началник на петтата управа на тајната полиција.

Уништените документи требаше на Специјалното јавно обвинителство да му помогнат да утврди кој прислушувал и на кој начин го правел тоа.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико