Правдико

   

Поднесување приговор за заштита на избирачко право на избирач

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

izbiracki-spisok-sdsm-prifatiizbori-02Секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право во постапката на спроведување на гласањето односно во секоја фаза од изборниот процес може да поднесе приговор до Државната изборна комисија во рок од 24 часа.  Во постапката за спроведување на гласањето односно во секоја фаза од изборниот процес во странство може да поднесе приговор до Државната изборна комисија во рок од 24 часа по брза пошта, а времето на поднесување на приговорот се смета од времето на предавањето на пратката.

Првостепениот орган е должен во рок од 4 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на Државната изборна комисија може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд по тужбите одлучува во совет од петмина судии избрани по пат на ждрепка, на јавна седница за која ја информира јавноста и овластените претставници по чии тужби се одлучува. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата и истата да ја објави на својата веб страница во рок од 24 часа. Објавените одлуки ќе го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно. Управниот суд може да ја потврди или преиначи одлуката.

Одлуките по приговор и тужбата со самото донесување се објавуваат на интернет страницата на Управниот суд, Државната изборна комисија, градската изборна комисија и општинската изборна комисија и на друг соодветен начин.

ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР

Приговор до Државната изборна комисија може да поднесе:

1. Учесник во изборната кампања, кој смета дека не се почитувани одредбите за активностите и времетраењето на изборната кампања пропишани во член 69-а од Изборниот Законик.

2. Секој подносител на листа на кандидати доколку смета дека е настаната повреда во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето.

3. Секој избирач кој смета дека му е повредено личното избирачко право:
а./ во постапката на спроведување на гласањето, и/или
6./ во секоја фаза од изборниот процес.

Превземи образец: Приговор за заштита на избирачко право на избирач
Превземи образец: Приговор во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати

Во поткрепа на наводите за повреда на определена фаза од изборниот процес,подносителот на приговорот ги приложува соодветните докази во оригинали или фотокопии заверени кај нотар. Исто така подносителот треба да приложи и список на приложени материјални докази.

Кои факти ќе ги земе како докажани одлучува ДИК по свое уверување врз основа на совесна и грижлива оцена на секој доказ посебно и на сите докази заедно, како и врз основа на резултатот од целокупната постапка. Приговорите за непочитување на одредбите на изборната кампања од член 69-а се поднесуваат за времетраењето на изборната кампања.

Во рок од 24 часа, секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право во постапката на спроведување на гласањето или во некоја фаза од изборниот процес може да педнесе приговор. Рокот започнува да тече од моментот кога настанала повредата на која избирачот приговара.

Приговорите се поднесуваат до ДИК преку овластен претставник или лично, во архивата на ДИК.

Приговорите за повреда на личното избирачко право во постапката за гласање и во секоја фаза од изборниот процес во странство се доставуваат до дик преку брза или електронска пошта …(посебната електронска пошта).

ДИК носи одлука во рок од 48 часа по приемот на приговорот поднесен од подносителот на листа на кандидати, освен кога приговорот се однесува на повреда на одредбите за изборната кампања, кога ДИК постапува во рок од 7 дена.

ДИК носи одлука во рок од 4 часа по приемот на приговорот од избирач за наводна повреда на неговото лично избирачко право на денот на гласањето.

Одлучување по приговорот

Членовите на ДИК одлучуваат по приговори врз основа на увид во изборниот материјал и други докази согласно член 31 став 2 точка 35 од Изборниот законик, врз основа на сопствено убедување и врз основа на принципите на независност, непристрасност,објективност, стручност и забрана за дискриминација.

Членовите на ДИК се единствено надлежни да одлучуваат за преземање на дејствија во постапката, за испитување на приложените докази, како и да одлучуваат по поднесените приговори согласно членот 31 став 2 точки 34-а до 34-в ед Изборниот законик.

Редоследот на постапување и одлучување по приговорите, се врши со ждребање на јавна седница, врз основа на прегледите Од член 27 од ова Упатство подготвени 0д правната служба, при тоа земајќи ги во предвид законските рокови за постапување по приговорите.

Седница за постапување и одлучување по приговорите

ДИК постапува и одлучува по приговорите на јавна седница.Претседателот на ДИК го утврдува дневниот ред, ја закажува и ја води седницата на ДИК на која се постапува и се одлучува по приговорите во законскиот рок.

Утврдување на повреда на личното избирачко право

Ако ДИК утврдил повреда на личното избирачко право во постапката на спроведување на гласањето поради одредено дејствие на избирачкиот одбор, а процесот на гласање е во тек, правната служба по налог на членовите на дик, ќе преземе дејствија со цел на избирачот да му се овозможи остварување на избирачкото право, а доколку не утврди повреда, ќе донесе соодветна одлука.

Кога е утврдена повреда на Изборниот законик сторена од страна на член на изборен орган кој е државен или јавен службеник, службеник вработен во општината, односно во град Скопје, во зависност Од повредата, дИК покренува иницијатива за дисциплинска, прекршочна или кривична одговорност.

Правната служба води посебна евиденција за лицата за кои е поведена иницијатива за утврдување за дисциплинска, прекршочна или кривична одговорност. Евиденцијата, чувањето и внатрешната постапка во однос на поднесените иницијативи за покренување на дисциплинска, прекршочна или кривична одговорност се одвива согласно одредбите на ова Упатство кои важат за приговорите.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико