Правдико

   

Полицијата му поднесе прекршочна пријава на Саша Богдановиќ

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Sasa-BogdanovikПолиицијата поднела прекршочна пријава против директорот на ЈП Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ бидејќи, како што информираат од МВР, „ги попречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија“ по завршувањето на кошаркарскиот нетпревар меќу тимовите на Работнички и МЗТ Скопје.

„Околу 21.45 часот пред влезот на спортска сала Градски парк по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК Работнички и КК МЗТ од страна на полициски службеник на лицето С.С.(29) му било укажано да се оддалечи од службениот влез на салата, по што истиот почнал да го омаловажува полицискиот службеник со навредливи зборови и при тоа одбил да се легитимира. При обидот истиот да биде приведен се вмешал и С.Б.(30) и ги попречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија“, стои во официјалната информација на МВР за настанот.

Богдановиќ, денеска во изјава за медиумите, рече дека без никаква причина бил тепан и приведен од полицијата.

– Кога прашав зошто мора да се применува сила, ме легнаа на земја, со неколку удари по глава. Потоа ме кренаа и ме однесоа во најблиското полициско комбе. Ме држеа 10-15 минути и потоа ме спроведоа во полициската станица Беко. Никој од полицајците не знаеше зошто сме задржани и зошто сме приведени. Ни беше кажано од страна на началникот дека мора да не приведат и потоа без причина, без да ни дадат некакво образложение, не држеа три часа, и ни напишаа прекршочна пријава – изјави Богдановиќ.

Извор: МЕТА

Партнери на Правдико