Правдико

   

Полицијата во Кичево приведе продавач на дрога

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Р.В.(40) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори” и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи ”.

При извршен претрес во неговиот дом, криминалистичката полиција од Кичево пронајде и одзеде растителна материја со зеленкаста боја, најверојатно наркотична дрога марихуана, со маса од околу еден килограм, бела прашкаста материја, најверојатно наркотична дрога кокаин, со маса од околу 20 грама и три куршуми од различен калибар. Полициските инспектори пронајдоа и одзедоа и други предмети и прибор за користење на наркотични дроги.

Пријавениот Р.В. неовластено ги набавил и ги држел во својот дом со цел натамошна препродажба на наркозависници од Кичево. Одземените предмети се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико