Правдико

   

Постапка за доделување на статус на возило со историска вредност (олдтајмер)

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

oldtajmer-1Физичко или правно лице кое сака да регистрира, односно да започне да употребува возило со историска вредност, до правното лице за технички преглед поднесува барање за доделување на статус за возило со историска вредност (олдтајмер). По извршена идентификација на возилото, правното лице за технички преглед доделува статус на возило со историска вредност (олдтајмер) на возило за кое утврдува дека ги исполнува сите критериуми.

Статус на возило со историска вредност (олдтајмер) се доделува на возило што е постаро од 35 години, кое е зачувано и технички е одржувано, како и сообразено со оригиналниот конструкциски состав и форма, а заради своите историски и технички значења не се употребува за секојдневен превоз.

Под возило со музејска вредност (олдтајмер) се подразбира:  возило со историска вредност, историскo возилo, стародобнo возилo, старовремскo возилo, старинскo возилo и древнo возилo, коe е оригиналнo, реткo, со историско значење и е со долг век. Возилото треба да е одржувано во одлична состојба и ги задоволува барањата за техничката состојба и подготовка за возење најмалку на ниво на половна состојбашто подразбира нормални  траги  на  годините со мали  недостатоци,  но  ги исполнува сите технички услови за пуштање во сообраќај.

Идентификација на возилото

toyota-corolla,-oldtimer,-engine-187032Идентитетот на возилото се определува од сообраќајната дозвола; од каталог за возилото или од каталог за возила со музејска вредност и од идентификациониот број на возилото.  На возилото мора да постои идентификационен (број на шасија) кој е фабрички втиснат на (шасијата-каросеријата) возилото. Доколку на возилото нема фабрички втиснат идентификационен број  се прифаќа накнадно  втиснат  број  кој  е евидентиран  во документите за возилото (сообракајната дозвола во која е наведен таквиот број).

За лакот и бојата на каросеријата не се бара оргиналност на бојата, се прифаќа уни-лакирање во сите бои како и лакирање во две бои. Не се признаваат нацртани мотиви со исклучок на рекламни мотиви од времето кога возилото било произведено. Возилото треба да биде уредно лакирано.

Забрана за преправки

На возило кое во постапка за добивање на статус на возило со музејска вредност  не може да се вршат преправки од лимузина или од купе во кабриолет. По ислучок се прифаќат преправките извршени пред 20 години само докoлку постоела таква верзија во официјалната понуда од производителот на пазарот односно постоела верзија на каросерија за испорака од истиот тип каква што е и преправката на конкретното возило.Кај возилото кое има посебна рамка можна е замена на идентична каросерија само ако таквата промена е извршена пред повеќе од 30 години.

Доколку моторот на возилото неможе да се препознае за определен тип возило препознавањето може да се изврши врз основа на ознаките од производителот или од каталог и од друга документација. Во постапката за доделување на статус на возило со музејска вредност се прифаќа моторот од возилото да биде заменет со мотор од ист производител кој е стар најмалку 30 години и ако моторот во возилото е вграден во поново време. Ако во возилото е вграден мотор од друг производител кој одговара да биде вграден во возилото, таквата промена се прифаќа ако   вградувањето е извршено пред повеќе од 20 години и доколку заменетиот мотор има иста силина и зафатнина како и оргиналниот мотор.

Се прифаќа преправка:

–  на преносниот механизам за кочење од механички пренос со челични јажиња и лостови со хидрауличен пренос.
– на еднокружниот хидрауличен систем во двокружен хидрауличен систем за кочење.
– на вградување на диск наместо барабан сопирачки во возилото само во случај ако во времето на производство на возилото на пазарот имало понуди на возило со такви диск сопирачки.
– на промена (прилагодување) на положбата на педалот за кочење.

Внатрешната опременост на  возилото треба да биде оригинална. Конзолата и возачката табла не можат да бидат изменети или  заменети со друг тип. Замена на опремата е можно со исто таква опрема која е од понова моделска година. Деловите на оргиналните прекривки на седишата можат да се поправат.

Постапка

Статус на возило со музејска вредност се стекнува во спроведена постапка на идентификација на возилото врз основа на доставена докуметација и преглед на возилото, а со цел да се утврди исполнетоста на критериумите.  Сопственикот кој бара неговото возило да добие статус на возило со музејска вредност, во текот на водење на постапката обезбедува и приложува валидни документи за  возилото (како  и  прилози,  каталози,  изводи  од  каталози,  фактури,  фотографии, монографии и друг доказен материјал) врз чија основа ќе може со сигурност да се утврди идентитетот и состојбата на возилото.

За доделување на статус на возило со музејска вредност сопственикот на возилото до  правното  лице  за  технички  преглед  овластено  за  идентификација  и  оценка  на техничката состојба на возилото, поднесува барање.

Барањето содржи:

– податоци за сопственикот  (наслов /име и презиме, даночен број /матичен број, телефон, односно е-маил и лице за контакт); и

– документи кои се приложуваат како прилог на барањето.

Документи, кои се доставуваат со барањето се:

– Пополнет фомулар на матрицата за оценка на отстапувањата од критериумите што треба да ги исполни возилото да добие статус на возило со музејска вредност (го издава органот за одобрување);
– Потврда за податоците за возилото со музејска вредност (го издава органот за одобрување);
–  легитимација  издадена  согласно  Правилникот  на  FIVA  според  кој  возилото  се стекнало со статусот за возило со музејска вредност,

Со прегледот на документацијата за возилото со музејска вредност  се врши проверка на нивната комплетност и оригиналност. По утврдување на истоветноста на податоците  за возилото пред истото да добие сатус на возило со музејска вредност,  правното лице за вршење на технички  преглед  овластено  за идентификација и за идентификација и оцена на техничката сосотојба,  треба да утврди дека возилото е безбедно за возење во сообраќајот.

Врз основа на исполнетост на барањата правното лице  за  технички  преглед  овластено  за  постапката  на  идентификација  и  оценка  на техничката состојба, издава Согласност за регистрација согласно член  25 став (2) од Законот за возила.

Возилото со музејска вредност може да припаѓа на една од следните групи:

Група 1 – Оригинални возила се возила кои во целост го задржале оригиналниот облик и  состав, без промени и со мало ниво  на истрошеност.  Деловите  кои  нормално  се истрошуваат можат да бидат заменети со делови од спецификациите за времето кога возилото било произведено. Дозволено е фарбање, хромирање и тапацирање во стилот на времето кога возилото било произведено.

Група 2 – Автентични возила се возила кои во целост го задржале автентичниот изглед и  состав,  со  континуирана  историја  и  во  оригинал,  со  веројатно извесно ниво на истрошеност. Деловите  кои  нормално  се  истрошуваат (пневматиците,  акумулаторот,свеќичките, бризгалките и слично) не смеат да бидат заменети со современи, ниту пак да бидат заменети со делови од друг временски период.

Група 3 – Реставрирани возила се возила со познат идентитет, целосно или делумно расклопени, репарирани и повторно составени. Доколку не се на располагање оригинални делови или материјали дозволени се само мали отстапувања. Оригиналните делови од производителот  треба  да  се  користат  секогаш  кога  се  достапни,  но  можат  да  бидат  заменети  со  други  со  иста  спецификација  од  времето  на  производство  на  возилото.  Ентериерот, екстериерот, како и финалната обработка на екстериерот треба да бидат што е можно поблиски до времето на спецификациите, односно производството.

Група 4 – Составени односно реконструирани возила кај кои се вградени делови од едно или повеќе возила од ист модел или тип, притоа придржувајќи се до оригиналните спецификации, колку што е можно повеќе. Оригиналните делови од производителот треба да се користат каде што тоа е можно, но можат и да бидат заменети со други со иста спецификација. Ентериерот, екстериерот, како и финалната  обработка на екстериерот треба  да  бидат  што  е  можно  поблиски  до  времето  на  спецификациите,  односно производството.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико