Правдико

   

Постапка за еднократна парична помош за новороденче

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

1Еднократна парична помош за новороденче се обезбедува на семејството за прво новородено дете. Како прво новородено дете се смета дете кое е прво живородено дете по ред на раѓање на мајката. За прво новородено дете  ќе се сметаат и децата кога мајката при првото раѓање ќе роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе). Исто така за прво новородено дете ќе се смета и првото посвоено дете, како и кога ќе се посвојат повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) при првото посвојување, на возраст на детето/цата до една година доколку мајката нема прво новородено дете.

Право на користење на еднократна парична помош за новороденче има еден од родителите, државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија за дете родено на територијата на Република Македонија. Висината на еднократната парична помош за новороденче изнесува 4.829 денари при што износот се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

Барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче со потребната документација се поднесува до надлежниот центар за социјална работа, најдоцна до наполнети три месеци живот на детето, а за посвоено дете најдоцна до три месеци од заведувањето на посвоеното дете во книгата на родените

Потребна документација

Со барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче, се поднесува/обезбедува следната документација:

1. Важечка лична карта од мајката – се доставува на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење на мајката, а доколку подносител на барањето е таткото/старателот се доставува важечка лична карта од мајката на детето на увид за докажување на постојаното место на живеење на мајката, а препис на извод од матична книга на умрените доколку мајката е почината и важечка лична карта на таткото/старателот на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

2. Мајчина книшка на увид за мајката со копија на страници 3, 5 и 7 или потврда од избран лекар- специјалист по гинекологија и акушерство за редот на раѓање на детето, а за посвоено дете потврда дека мајката нема прво новородено дете;

3. За посвоено дете – доказ за ред на посвојување на детето;

4. Препис на извод од матична книга на родени за детето;

5. Важечка лична карта од таткото – се доставува само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење (во случај кога мајката не е државјанин на Република Македонија, а склучила брак со државјанин на Република Македонија).

Подносителот на барањето ги приложува доказите утврдени точки 1 и 2 (потврда издадена од избран лекар- специјалист по гинекологија и акушерство) и 4 (ако подносител на барањето е таткото/старателот).

Центарот за социјална работа (службеното лице кое ја води постапката) по службена должност го обезбедува доказот утврден во точка 3. Исто така  Центарот за социјална работа по службена должност го обезбедува доказот во постапката за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче утврден во точка 1 ( доколку мајката е почината) и 3  со прибавување на податоци за факти за кои службена евиденција води друг државен орган, односно друг субјект кој води регистар на податоци –  по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма по претходно дадена писмена согласност на подносителот на барањето.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Постапка за родителски додаток за трето дете

– Кои се вашите права при породилно отсуство и бременост

Партнери на Правдико