Правдико

   

Постапка за продолжување на работниот однос до 67 односно 65 години возраст

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

employee-engagement-older-workers-500x328Еден од начините за престанок на работниот однос преку прекинување на договорот за вработување е со исполнување на условите за старосна пензија. Во овој случај работодавачот го прекинува договорот за вработување на работникот кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж.

Доколку работникот се чуствува способен за работа, и неговото работно место нема поголем физички напор, со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно до 65 години возраст (жена), доколку со закон поинаку не е утврдено.

Во ваков случај работодавачот има обврска да го продолжи договорот до возраста за која работникот бара продолжување.На овој начин се овозможува на работникот да остане подолго на работа, секако доколку самиот оцени дека може да го продолжи својот работен век. Но истовремено се определува и временскиот период во кој треба да се даде писмената изјава од страна на работникот за продолжување на договорот за вработување.

Писмената изјава, работникот ја дава најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување , а за секое натамошно продолжување на договорот за вработување  изјавата ја дава еднаш годишно а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување за наредната година.

Работодавачот е должен по дадената изјава  да го продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно најмногу до 65 години возраст (жена).

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико