Правдико

   

Постапката за експропријација ќе се завршува за 30 дена

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

legal-documentsПредлогот на Законот за изменување и дополнување нa Законот за експропријација, е подготвен заради усогласување на одредбите од овој закон со Законот за општата управна постапка. Со предложеното изменување и дополнување на Законот за експропријација, се предвидуваат законски одредби според кои е предвидено управната постапка во прв степен, поведена по предлог (барање), освен кога е поинаку предвидено со закон, да завршува во најкус можен рок, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на нејзиното поведување.

Исто така со измените и дополнувањата на Законот за експропријација, се предвидува обврска за органот за експропријација да води евиденција за поднесените предлози за експропријација, поднесените предлози за одземање на правото на користење на градежно земјиште во државна сопственост, останати предлози за ограничување на правото на сопственост на земјиште, како и за донесените и поништените правосилни решенија за експропријација, при што формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата, ги пропишува Министерот за финансии, поради што по членот 35 се додава нов член 35-а.

Законот за општата управна постапка упатува и на прекршочни одредби за изречени глоби во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност, кои се однесуваат сторен прекршок на службеното лице во органот за експропријација, како и за сторен прекршок на службеното лице во Агенцијата за катастар на недвижности, доколку не ги преземат потребните дејствија во роковите утврдени во членот 28 став (1) алинеја 2, членот 31 став (3), членот 32 став (2) и членот 51 став (3) од Законот за експропријација.

Предложените измени можете да ги превземете ТУКА

Партнери на Правдико