Правдико

   

Право на судска заштита на авторското право и сродните права

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

shutterstock_131938760_medium_100x751-1Авторското право и сродните права уживаат кривична, граѓанска и прекршочна заштита согласно прописите кои ја уредуваат правната материја за која се бара заштита (кривична, граѓанска или прекршочна). Заштитата на авторското право и сродните права ја вклучува и заштитата на технолошките мерки од повреда на правата.

Согласно Законот за авторското право и сродните права лица кои имаат право на заштита се авторот, носителот на право, лице овластено да го користи правото и организација (носители на право).

Лице чие право  е повредено, кога постои оправдано сомневање дека ќе му биде повредено правото и кога се заканува вистинска закана од повреда на правата, има право да поднесе барање за:

1) заштита на правото и
2) времени и други мерки.

Постапката по тужбените барања е итна.

Кога некое право определено со овој закон е повредено, секој од носителите на тоа право може од трето лице да побара заштита на правото како да е единствен носител. Кога лицето кое го повредило правото ќе ги исполни барањата на еден од носителите на истото право, неговата обврска престанува и спрема другите носители на правото. Доколку се работи за судска постапка која е во тек носителите на истото право се сметаат за единствени сопарничари. Кога постојат повеќе сторители на повредата на некое право од овој закон секој од нив солидарно одговара за повредата.

Содржина на заштитата на правото

Правото на заштита ги содржи следниве барања за:

1) престанок на дејствието на повреда;
2) надоместок на материјална штета;
3) надоместок на нематеријална штета;
4) зголемен надоместок;
5) означување на авторот;
6) враќање на користите стекнати од недозволеното користење;
7) отстранување од промет на предметите од повредата на правото и
8) објавување судската пресуда.

Материјална штета

Доколку со повреда на право од овој закон е сторена материјална штета, лицето има право да побара надоместок за сторената материјална штета и за загубена добивка. Надоместокот се определува во износ што тужениот би го платил доколку побарал законско користење на правото (вообичаен надоместок), односно во износ пропишан со соодветни тарифи, односно со општ договор.

Нематеријална штета

При повреда на морално право и независно од изречениот зголемен надоместок  и при непостоење материјална штета, судот може да пресуди на авторот да му се исплати праведна парична оштета за претрпена душевна болка и страдање, како последица од повредата на моралното право, доколку утврди дека околностите на случајот и, особено, степенот на повредата и нејзиното траење тоа го предизвикале.

Доколку правото  е повредено со намера или крајна небрежност, лицето  може да побара исплата на договорениот или вообичаениот надоместок за тој вид користење, зголемен до 200%, независно дали од повредата претрпел имотна штета (граѓанска казна). При одлучувањето по барањето за плаќање на овој надоместок  и одмерувањето на нејзината висина, судот ќе ги има предвид сите околности на случајот, особено степенот на вината на тужениот, износот на договорениот или вообичаениот надоместок.

Објавување судска пресуда

Лицетоима право да бара правосилната пресуда со која целосно или делумно се усвојува неговото барање за заштита на авторско право и сродните права, да биде објавена во медиумите за масовна комуникација, на трошок на тужениот.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико