Правдико

   

Предлог- законот за забрана на бомбите ќе го повлечат Џафери и Мукоски

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

24780golemaПосле повеќечасовните тешки преговори за предлог-законот со кој ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараа да се гласа во Собранието, договорено е предлагачите Крсте Мукоски и Талат Џафери да го повлечат, изјавуваат за НОВА извори блиски до преговарачите.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најавил дека утре ќе објави илјадници бомби доколку не биде повлечен предлог законот.

Вечерва на преговорите досега не се зборуваше за изборниот законик, кој се става на маса после полноќ и кој се очекува утринава да биде договорен.

Предлозите на странците се следниве: Да се укине гласањето на дијаспората, теренски да се попишуваат гласачите, медиумите и трети лица да не можат да бидат донатори во изборните кампањи, како и зголемување на надлежностите на Агенцијата за аудиовизуелни услуги и на Државната изборна комисија кои е однесуваат на казните за медиумите.

Предлогот на странците за укинување на гласањето на дијаспората се совпаѓа со барањето на опозицијата и претставува предлог кој би бил на сила се додека не се договори според Уставот, гласовите од дијаспората да имаат еднаква вредности со оние гласови на граѓаните во земјава.

Решавањето на изборната регулатива, како точка од договорот во Пржино е прашање кое според договорот би требало да се затвори денеска до полноќ.

Пред почетокот на денешната средба, Ван Хоуте изрази надеж дека до вечерва или најдоцна до раните утрински часови договор ќе биде постигнат.

Ван Хоуте пред почетокот на средбата денеска го пречекаа претставнички на невладиното „Женско лоби“, кои му доставија документи со барање до сите учесници во преговорите за зголемување на квотата на жените во Изборниот законик.

Тие бараат 40 отсто од политичарите да бидат жени, вклучувајќи ги во изборите за кандидати за градоначалници и останатите функции.

Извор: НОВАтв

Партнери на Правдико