Правдико

   

Предложен Закон за трговија на зелени пазари

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Предлог законот за трговија на зелени пазари ќе се уредат условите и начинот на вршење на трговија на зелените пазари во Република Македонија, субјектите кои може да вршат трговија на зелените пазари, условите и начинот на организирање на зелените пазари, евиденцијата на трговците на зелени пазари и правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари.

Имено во правниот поредок на Република Македонија оваа прашање досега беше регулирано во членовите 13 и 14 од Законот за трговија . Во членот 13 од Законот за трговија уредено е дека:

„Трговија на зелените пазари
Член 13

На зелените пазари се врши трговија на големо и мало на земјоделскистоки под услови пропишани со закон и друг пропис.На посебно организирани делови на зелените пазари може да се врши трговија на големо и мало и на други стоки под услови пропишани со закон и друг пропис.

Стоките од ставот 2 на овој член ги определува Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Влада) на предлог на министерот за економија. Советот на општината, односно на Градот Скопје поблиску ги
определуваат стоките од ставот 3 на овој член што можат да се продаваат на посебно организирани делови на зелените пазари.“

Во членот 14 од Законот за трговија регулирано е дека:
„Трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало е должен да обезбеди фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања за корисниците на продажните места кои се должни да го користат од моментот на пуштање на продажното место во работа, согласно со
закон. Трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, под услови пропишани со закон и друг пропис, ги издава продажните места само на трговци или занаетчии кои се регистрирани во соодветниот регистар, земјоделските производители кои се регистрирани, односно евидентирани согласно со закон, лицата кои се занимаваат со земјоделство, како и лицата кои се во работен однос или се пензионери, а не се вршители на земјоделска дејност и кои имаат обезбедено фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања, освен ако со закон поинаку не е уредено.

Работното време на зелените пазари на кои се врши трговија на големо и мало го определува советот на општината, односно на Градот Скопје. Трговецот од ставот 1 на овој член е должен да утврди и истакне пазарен ред и да се придржува на пазарниот ред и работното време определено со ставот 3 на овој член.“

Со законското регулирање на прашањето за трговија на зелени пазари во посебен закон ќе се допрецизира и пополни настанатата правна празнина во постојниот Закон за трговија. Имено со предлог законот на голем број на трговци на зелени пазари кои всушност се невработени физички лица или корисници на паричен надоместок за социјална помош што вршат трговија на мало на тезги и пазари, физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност ќе им се реши работниот статус.

Предлог законот за трговија на зелени пазари има за цел во законска рамка да ги уреди сите прашања со кои се прецизираат условите и начинот на вршење на трговија на зелените пазари во Република Македонија, субјектите кои може да вршат трговија, условите и начинот на организирање , евиденцијата на трговците, правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари. Имено со овој Предлог закон статусот на лицата кои досега работеле на зелените пазари ќе се уреди и нивниот работен однос ќе биде законски нормиран.

Со Предлог законот ќе се постигне намалување на бројот на невработеност во Република Македонија и со истиот на голема категорија на лица – трговци на зелени пазари што вршат трговија на мало  на тезги и пазари и кои се занимаваат со земјоделска дејност ќе им се реши работниот статусот.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико