Правдико

   

Предложени измени во Законот за градење

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Согласно Законот за градење утврдена е постапка за издавање на решение за изведување на градби односно поставување на опрема, која се спроведува за одредени видови на градби и опрема за кои со оглед на нивната специфичност не се издава одобрение за градење , а во соодветна постапка дефинирана во член 74 од Законот за градење се спроведува постапка за издавање на решение.

Со предложената измена како вид на градби за кои ќе се издава решение се предвидуваат градби за потребите на гранични премини чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација од причина што се работи за посебен вид на градби кои зафаќаат дел од територијата на Република Македонија и дел од територијата на соседната држава.

Исто така се предвидува и можност за привремено користење на линиски инфраструктурни градби чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација и пред градбата да се стави во употреба

Целта на Предлог законот е ефикасно спроведување на постапка за издавање на решение за изведба на градби за потребите на гранични премини чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација како и можност за привремено користење на линиски инфраструктурни градби чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација и
пред градбата да се стави во употреба.

Со членот 1 се предвидува изработка на проект на изведена состојба за линиска инфраструктурна градба чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација во случаите кога извршени се измени во тек на изградбата без спроведување на постапката од членот 69 на овој закон .Во контекст на измената на овој член се и членот 5 и членот 6 од предлог законот со кои се врши допрецизирање на постапката за издавање на одобрение за употреба за овие градби.

Со член 2 од Предлог законот во членот 73 како градби за кои не се издава одобрение односно се издава решение за изведување на градбите се предвидуваат градби во функција на гранични премини чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација. Од причина што се работи за градби кои зафаќаат дел од територијата на Република Македонија и дел од територијата на соседна држава, за изградба на истите не може да се примени постапката за издавање на одобрение за градење поради што истите се предвидуваат во членот 73 од Законот, како градби за кои се издава решение за изведување.

Со член 3 се предвидува решението за изведување на овие градби да го издаде Министерството за транспорт и врски согласно членот 74 од Законот, а потребната документација за издавање на решението за изградба ќе се предвиди во подзаконски акт како што е уредено и за другите градби утврдени во членот 73 од Законот. Исто така се предвидува постапката за издавање на решението за издавање на овие градби да се спроведува во писмена форма, а со оглед на специфичноста на истите.(член 7)

Со членот 4 од предложените измени се предвидува и постапка за привремено користење на линиска инфраструктурна градба чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација и пред издавање на одобрение за употреба за градбите од прва категорија односно извештај за технички преглед за градбите од втора категорија, при што се предвидува градбите од овој тип да можат да се користат доколку од надзорниот инженер е изготвен позитивен извештај за привремена употреба чија содржина се пропишува со ставот 2 на наведениот член. Треба да се има предвид дека останува обврската за инвеститорот да обезбеди одобрение за употреба за градбите од прва категорија односно извештај за извршен технички преглед за градбите од втора категорија со тоа што за оваа обврска се пропишува рок од две години од изготвувањето на позитивен извештај за привремена употреба на градбата.

Одредбите од членовите 8 и 9 на предлог законот се преодни одредби. Членот 10 е завршна одредба односно го уредува влегувањето во сила на Законот.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледните ТУКА

Партнери на Правдико