Правдико

   

Предложени измените во Законот за народниот правобранител

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со донесувањето на предложените измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител ќе се овозможи воспоставување на Народниот правобранител како дополнителен коректив на системот на истрага при кривични дела извршени од страна на вработени во Министерството за внатрешни работи при
примена на полициски овластувања и од припадници на затворската полиција.

Народниот правобранител како механизам за граѓанска контрола акцентот го става на актуелни постапки/случаи иницирани по барање на странката-жртва или семејството, по иницијатива на претставници на граѓанскиот сектор како надворешни членови, како и по сопствена иницијатива по добиени сознанија (допрен глас), за можни повреди на правата, согласно член 2 и 3 од Европската конвенција за човекови
права.

Заради воведување ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување на надворешен механизам од страна Советот на Европа реализиран е проект „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување“. За таа цел формирана е работна група која беше поддржана со дополнителна експертиза и мислења по тековни прашања од соодветен консултант на Советот на Европа.

Народниот правобранител беше член на оваа работна група која со консензус заклучи дека има потреба од воспоставување на надворешна контрола над работата на полицијата, при што истиот беше избран како модел кој што би ја реализирал таквата надлежност- граѓанска контрола со одреден број задачи и надлежности, а со вклучување на надворешни експерти од невладиниот сектор. Постоењето на независни ефикасни и навремени механизми за контрола на работата на полицијата е барање согласно Европската конвенција за човекови права и нејзиното прецедентно право, како и согласно со наодите на Европскиот комитет за превенција од тортура, мислењето на Комесарот за човекови права на Советот на Европа, во однос на независното и ефикасно одлучување по жалбите против полицијата и другите меѓународни стандарди. Во тој сегмент таквите механизми мора да бидат практично и хиерархиски независни од оние чие постапување е предмет на истрага, отворени кон увид на јавноста и да можат да донесуваат правно-обврзувачки одлуки.

Покрај тоа, на неповолната состојба и полициските злоупотреби, како и нефункционирањето на соодветно ниво на постоечките контролни механизми укажуваат и бројни извештаи за ситуацијата во однос на човековите права, вклучително и пресудите на Европскиот суд за човекови права против државата, а во
врска со неефикасно спроведени истраги за полициска бруталност, тортура и нечовечко или понижувачко постапување. Следствено на тоа, со предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител се овозможува создавање посебно надворешно дело, како дополнителен коректив на системот на истрага при кривични дела извршени од страна на овластени службени лица при Министерството за внатрешни работи и припадници на затворската полиција.

За таа цел, а тргнувајќи од уставната поставеност, независноста, препознатливоста, искуството и праксата на Институција, како и проширените надлежности се очекува дека Народниот правобранител реално може да ги извршува таквите надлежности.

Со предложениот закон содржани се одредби со кои се операционализира извршувањето на таквите овластувања, и со надворешни членови се зајаканува ефикасното постапување на Народниот правобранител во заштитата на човековите права, и се овозможува плурализам во кадрите кои што ќе ги извршуваат дејствијата на Народниот правобранител-механизам за граѓанска контрола.

Целиот текст на предлог измените можете да ги погледнете ТУКА

Партнери на Правдико