Правдико

   

Предложени се измени во Изборниот законик

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државната изборна комисија, имајќи ги предвид надлежностите утврдени во Изборниот законик, е најзначаен орган за спроведување на изборите. Поради ова, Изборниот законик до септември 2015 година, утврдуваше решенија со кои составот на Државната изборна комисија на соодветен начин го отсликуваше составот на Собранието на Република Македонија во однос на учеството на политичките партии со бројот на пратениците.

Меѓутоа, Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/15) не содржи вакво решение, а составот на Државната изборна комисија несоодветствува со членот 27 став 5 од Законикот и не некореспондира со составот на Собранието на Република Македонија по одржаните избори за пратеници во декември 2016 година. Поради ова, во составот на Државната изборна комисија не е застапена политичката партија во опозиција со втор најголем број на пратеници во Собранието, сега, непосредно пред изборите на членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје.

Заради надминување на оваа состојба во составот на Државната изборна комисија, потребно е да се направат измени со кои повторно ќе се воспостави концептот на усогласување на составот на Државната изборна комисија со резултатите од последните избори за пратеници во Собранието на Република
Македонија.

Основна цел заради која се предлага донесувањето на овој закон е усогласување на составот на Државната изборна комисија со составот на пратениците во Собранието на Република Македонија. Предлогот се заснова врз истите начела врз кој е заснован Изборниот законик.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико