Правдико

   

Предложени законски измени за намалување на патните трошоци на пратениците

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија се уредува
платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката.

Со Законот исто така е уредено дека право на плата во месечен износ за вршење на функцијата имаат претседателот на Република Македонија, функционерите избрани од редот на пратениците, функционерите и лицата кои ги избира или кои ги именува Собранието, функционерите кои ги именува претседателот на Република Македонија и
кои ги именува Владата на Република Македонија и раководните работници кои ги назначува претседателот на Република Македонија или телото што тој ќе го овласти, надлежното тело на Собранието и Владата.
Со измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, со членот 1 се врши измена на членот 27 став 1 точка 2) и се намалува надоместокот за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели.

Предложеното законско решение уредува дека наместо досега утврдените до 30 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи, се предвидува надоместок до 20 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи.
Потребата од донесување на ова законско решение се наметнува од негативниот економски тренд во светски рамки со што последиците кои ќе произлезат од него ќе предизвикаат заштеда во Буџетот на Република Македонија.

Целосниот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико