Правдико

   

Претседателката на каталонскиот парламент со кауција од 150.000 евра е пуштена од притвор

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателката на каталонскиот парламент, Карме Форкадељ, денеска е пуштена од притвор откако плати кауција од 150.000 евра, соопшти Врховниот суд на Шпанија.

Судијa вчера одреди притвор за Форкадељ и за уште четворица пратеници, а одлучи да им одреди кауција кога се согласиле да се откажат од нивните политички активности или да се занимаваат со политика во склад со Уставот на Шпанија.

Јавниот обвинител ги товари за побуна и за злоупотреба на јавните средства поради тоа што на 27 октомври учествувале во прогласувањето на Декларацијата за независност на Каталонија.

Осум министри на распуштената Влада на Каталонија се во притвор, додека сменетиот претседател на Каталонија Карлес Пучдемон се наоѓа во Брисел каде се обидува да избегне екстрадиција во Шпанија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико