Правдико

   

Презентиран извештајот „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа“

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кога станува збор за судството, не може да се очекува реформите да бидат направени за многу кратко време. Можам да кажам дека има голема волја и ентузијазам за работа од сите страни и дека реформите ќе бидат направени во еден малку подолг процес, особено во делот на она што значи Судскиот совет, неговите одговорности и надлежности и сѐ што би водело кон овозможување на независност и непристрасност во судството, изјави Маргарита Цаца Николовска, претседателка на Институтот за човекови права и поранешна судијка на Европскиот суд за човекови права, на презентацијата на првиот извештај „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа“.

Во однос на извештајот на Прибе и детектираните слабости во судството, според Цаца Нинколовска, најголем проблем има во Судскиот совет и во дел од судиите што постапувале по предмети.

– Проблемот е во тоа што на некој начин има голема пречка во оценување на тоа кој и на каков начин неодговорно и несовесно се однесувал. Тие работи не може толку брзо да се решат. И мислам дека со изборот на државниот јавен обвинител ќе се отвори простор за поголеми можности за реагирање и за евентуално поведување соодветни постапки, како од обвинителството, така и од другите органи вклучувајќи го и Здружението на судии, кое си зеде за задача да почне да се реагира одвнатре – рече Цаца Николовска.

Мирослав Драганов, извршен директор на Институтот за човекови права, од аспект на транспарентноста на Судскиот совет оцени дека таа се зајакнува во периодот по септември 2016 година, а првпат е воспоставена и практика при изборот на в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, кога беше назначен од редовите на судии од Врховниот суд, како и при изборот на претседател на Врховниот суд, кога кандидатите за претседатели беа поделени во три посебни листи, без образложение.

– Во однос на Советот на јавни обвинители, како заклучок може да кажеме дека од 1 јуни 2015, заклучно со 30 септември 2017 година, се избрани тројца судии во Јавното обвинителство на РМ, четворица во вишите јавни обвинителства, 15 јавни обвинители се избрани во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и спречување корупција. Во целиот овој период се разрешени 21 јавен обвинител, при што двајца се именувани на други функции, а притоа интересно е што ниту еден од овие јавни обвинители не е разрешен поради несовесно и нестручно вршење на својата функција ниту поради поведена дисциплинска постапка за сторена потешка дисциплинска повреда. Од друга страна, пак, во периодот 1 јули 2015-1 јули 2017 година се поднесени 145 претставки и поплаки од страна на граѓани и други субјекти, но ниту една од нив не била основа за сомневање во насока на поведување дисциплинска постапка против кој било јавен обвинител – вели Драганов.
П.Р.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико