Правдико

   

При бегство од полицијата со возилото удрил во полициски службеник

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 11.08.2017 година, околу 01,00 часот, во с.Оризари, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес во рамки на активности за откривање и спречување на бесправно сечење дрва, се обиделе да сопрат товарно моторно возило натоварено со дрва, управувано од Н.А.(43) од с.Бузалково. Но истиот на даден знак не застанал и се обидел да избега со возилото, стартувајќи го со голема брзина во правец кон полициските службеници.

Истите со намера да го сопрат од огнено оружје испукале неколку истрели во пределот на гумите од возилото, при што Н.А. со возилото удрил во еден од полициските службеници. Повредениот е пренесен во Медицински центар Велес за укажување на лекарска помош каде му е констатирана телесна повреда, а потоа е пуштен на домашно лекување, додека Н.А. е приведен и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка.Увид на местото на настанот  извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Велес. За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Партнери на Правдико