Правдико

   

Продолжува судењето за обид за пуч во Црна Гора

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето за обидот за државен удар во Црна Гора за време на изборите во минатата година треба да продолжи денеска.

Судењето претходно беше одложено поради барање на одбраната за смена на обвинителот. Во случајот осомничени се четиринаесетмина, вклучувајќи и двајца проруски опозициски лидери. Меѓу осомничените се и деветмина српски државјани, како и двајца Руси.

Според црногорските власти, тие биле организирани да го заземат парламентот и да го убијат тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ, како и да инсталираат проруско раководство со цел да го спречат влегувањето на Црна Гора во НАТО. Подгорица исто така смета дека во целиот заговор биле вклучени и руски државни тела, но Москва ги отфрла ваквите наводи.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико