Правдико

   

Пронајден експлозив на остатоците од авионот со кој загина Лех Качински

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полската владина комисија објави дека е пронајден експлозив на остатоците од авионот кој во 2010 година се урна кај Смоленск во Русија заедно полскиот претседател Лех Качински и уште 96 луѓе, објави денеска „Вашингтон игземенер“.

„Тешко оштетеното лево крило на авионот „ТУ 154М“ на себе имало траги од експлозив“, навела полската комисија.

Претходната истрага укажуваше на тоа дека авионот паднал поради пилотска грешка и лошата видливост. Новиот доказ е дел од новата истрага отворена во 2015 година. Оваа истражна комисија е основана со одлука на Партијата на законот и правдата, чиј претседател е Јарослав Качински, братот близнак на Лех. Тој долго време се сомнева во заговорот за смртта на својот брат, а некои веруваат дека новата истрага е поведена да создаде факти што ја поддржуваат неговата теорија.

Во трагичниот пад на авионот постојат низа прашања на кои треба да се одговори. Прво, Русија не соработува со полските истражители откако инцидентот се случи. Русија и натаму задржува остатоци од авионот на своја почва, а некои извештаи покажуваат дека Русија можеби манипулирала со податоците за летот.

„Вашингтон игземенер“ укажува дека Полска е важен сојузник. Доколку наводите на комисијата се точни, американскиот претседател Доналд Трамп би требало да ја поддржи полската истрага.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико