Правдико

   

Пучдемон до понеделник треба да се изјасни дали прогласил независност

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека владата на Шпанија му дала рок до понеделник на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон да разјасни дали прогласил независност на Каталонија.

Ако Пучдемон одговори дека официјално прогласил независност, шпанските власти ќе му дадат дополнителен рок, до четврток, 19 октомври да се откаже од примената на декларацијата за независност на тој регион. Двата рока се поставени во официјалното барање упатено до каталонските власти. Пучдемон во вторник потпиша декларација за независност на Каталонија, чија примена веднаш ја суспендира во очекување на дијалог со централните власти во Мадрид.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико