Правдико

   

Пучот сé уште со последици во Турција

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Агенцијата за процени на кредитен рејтинг Moodys ги разгледува опциите за намалување на кредитниот рејтинг во Турција, како последица на неуспешниот воен пуч кој се случи на 15-ти јули.

turkish-economy

Намалувањето на оценката за кредитна способност на Турција е за еден степен подолу од сегашниот Baa3.

„Сметаме дека неодамнешните политички неизвесности на домашната сцена, а посебно обидот за воен пуч, имаат потенцијал во значајни мери негативно да влијаат на растот во економијата во Турција, и тој ризик ќе го оцениме во текот на ревизијата“, наведоа во својот извештај од Moodys.

Агенцијата Fitch, која е втора од трите водечки куќи за процена на кредитниот рејтинг, и порано соопшти дека обидот за пуч и суровите мерки кои после неговиот пад ги презеде владата на прерседателот Реџеп Таjип Ердоган ја исфрли во прв план политичкиот ризик по суверениот кредитен статус на земјата.

Според календарски објавените податоци, индустриското производство во септември бележи пад за 3,8 отсто во однос на септември изминатата година кога изнесувало 4,1 отсто, соопштуваат од канцеларијата за статистика Тurkstat.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико