Правдико

   

Распуштањето на Собранието пред Уставен суд

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ustaven-sudУставниот суд треба да изрази сомневање дека одлуката за самораспуштање на Собранието не е во согласност со Уставот, да поведе постапка за нејзино укинување и да изрече времена мерка за стопирање на сите дејствија што таа одлука ги произведува, вклучувајќи ги одлуките за распишување предвремени избори на 5-ти јуни и преземање изборни дејствија.

Ваков предлог ќе има судијата известител на утрешната седница на Уставниот суд, чиј дневен ред утринава беше експресно изменет.

Иницијативата е поднесена од ДУИ во петокот и веднаш беше распределена кај еден од четворицата судии кои пред три месеци имаа различно мислење од мнозинството судии. На 18 февруари, Судот се изјасни дека иницијативите поднесени од Павле Трајанов и Тодор Петров се однесуваат на поединечен акт и затоа Судот не е надлежен да одлучува за нив, па воопшто не се изјасни околу содржината. Двете одлуки, онаа што еднаш беше отфрлена и оваа што ќе се разгледува утре, се целосно идентични, сменет е единествено датумот на кој се распушта Собранието.

Утре се очекува мнозинството да има поинакво мислење: да се изјасни дека се работи за општ акт, што автоматски значи дека Судот е надлежен, што ќе произведе согласување дека не е можно самораспуштање со одложен датум. Тоа ќе отвори пат за свикување собраниска седница.

Како што веќе појасни претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, ќе закаже седница само доколку Уставниот суд ја укине Одлуката за самораспуштање.

Извор: Телма

Партнери на Правдико