Правдико

   

Романскиот омбудсман бара поништување на законот против корупција

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

05012017233242_web_avocatul_poporuluiРоманскиот омбудсман Виктор Чорбеа денеска поднесе петиција до Уставниот суд, барајќи поништување на законот со кој на осудени лица им се забранува извршување на министерски функции.

Чорбеа, кој законот го смета за неуставен, изјави дека има „цврсти аргументи“ да бара негово поништување, додавајќи дека треба да се воспостави рамнотежа меѓу државните власти.

Омбудсманот го направил овој потег и покрај загриженоста дека новата романска Влада би можела да се обиде да ја забави борбата против корупција.

Петицијата би можело да му помогне на лидерот на Социјалдемократската партија, Ливиу Драгнеа, кој не можеше да стане премиер, бидејќи претходно е осуден за изборна измама.

Романскиот Парламент завчера ја одобри новата Влада предводена од премиерот Сорин Гриндеану.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико