Правдико

   

САД: Можно e воведување на смртна казна во гасна комора

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Texas Death ChamberПоради пропустите и спорото погубување на осудениот Клејтон Локет во Оклахома, постои можност оваа држава да биде прва во САД која ќе усвои закон спoред кој смртната казна ќе може да се извршува и во гасна комора. Како што пренесува Ерусалим пост, Локет, кој во 2000 година е осуден во Оклахома за убиство, силовање и киднапирање, му беше ставена смртоносна инекција, чие дејство претходно не било испитано, што резултираше со спора и болна смрт. Осуденикот умре после нешто помалку од еден час.

Поради овај случај, властите апелираја да се воведе похуман метод за судско погубување. Како што наведе законодавниот дом во Оклахома, осудениците ќе можат да вдишуваат азот преку посебни маски, што ќе резултира со губење на свеста за само неколку секунди. Во јули минатата година е забележан случај во Аризона, каде на осуденик на кој му била дадена смртоносна инекција умирал скоро два часа.

Неговиот адвокат истакнува дека осуденикот се мачел до самиот крај, при што се покренаја голем број на прашања за смртната казна во САД. Како што е соопштено од канцеларијата на јавниот обвинител во Аризона, на погубениот Џозеф Вуд, кој е осуден за двократно убиство, му било ставено инекција во 13:52 во државниот затвор, а смртта настапила во 15:49 часот. Во тие два часа бранителот на осудениот барал од федералните судови да се прекине со погубувањето и да му се пружи лекарска помош. Жалбата се засновала на тврдењето дека со ваквиот начин на погубување се крши уставното право на обвинетиот да не биде погубен на груб и нечовечки начин, но и покрај напорите таа била одбиена од Врховниот суд.

Гувернерот на Аризона Јан Бруер изрази сериозна загриженост за траењето на екзекуцијата и нареди овај случај да се преиспита, но сепак останува на ставот дека правдата била задоволена и дека смртната казна е исправна и треба да постои.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико