Правдико

   

Салех Абдеслам одби да зборува пред белгискиот суд

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Единствениот преживеан осомничен за терористичките напади во 2015 во Париз одби да одговара на судските прашања пред судот во Брисел, каде што денеска почна судењето против него. Тој се соочува со обвинение за вооружена пресметка со полицијата и убиство на полицајци за време на неговото апсење во Брисел, пренесува Би-би-си. Како што пренесуваат светските агенции, Абдеслам рекол дека кон муслиманите постојат предрасуди и одбил повеќе да разговара со судските органи.

„Моето молчење не ме прави криминалец, тоа е мојата одбрана“ рекол Абдеслам пред судот.

Абдеслам тврди дека на муслиманите им се судело безмислено нагласувајќи дека тој верува во Алах и пророкот Мухамед.

„Не се плашам од вас, не се плашам од вашите сојузници“, додал тој, без да прецизира на кого точно мисли, дополни Би-би-си.

Како што пренесува Би-би-си, Абдеслам побарал од обвинителството да го базира неговиот случај на форензички и материјални докази, а не „да се заморува“  да го задоволи јавното мислење.

Ако биде осуден, Абдеслам може да добие затворска казна од 40 години.

Француските обвинители веруваат дека Абдеслам имал клучна улога во терористичките напади во Париз, во кои вооружен напаѓач и самоубиствени бомбаши нападнаа концертна сала, стадион, ресторани и барови убивајќи над 160 луѓе.

Абдеслам стана најбаран човек во Европа по масовните убиства. Тој беше уапсен во бриселскиот дистрикт Моленбек, четири месеци по нападите во Париз.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико