Правдико

   

Се подготвува донесување на Закон за услуги

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Националната програма за усогласување со законодавството на ЕУ, во делот на Поглавјето 03 – Право на основање и слобода на давање на услуги предвидено е усогласување со Директивата за услуги на внатрешниот пазар на ЕУ 2006/123/ЕЗ (Директива за услуги).

Со транспонирање на Директивата за услуги во законодавството на РМ ќе се обезбеди непречено движење на услугите преку следните елементи отстранување на законските и административните ограничувања за вршење услужни дејности, воспоставување на едно место преку кое давателите на услуги можат да поднесат барања за дозволи за вршење дејност по електронски пат, унапредување на соработката помеѓу регулаторите од одделни земји и подобрување на квалитетот на услугите.

Со оглед на наведеното, утврдена е потреба за усогласување на регулативата во услужниот сектор со Директивата за услуги и донесување на хоризонтален рамковен закон за услуги.

Со Предлог Законот за услуги како хоризонтален рамковен закон ќе се овозможи транспонирање на општите правила од Директивата за услуги, се предвидува посебните закони во одделните услужни сектори да се усогласат со општите правила и ќе се спречи воведувањето нови бариери при подготовка на нова регулатива во иднина во услужниот сектор.Предложените законски решенија ќе придонесат за поедноставување на административните постапки во услужниот сектор,скратување на времето потребно за добивање на согласностите и се во функција на зголемена ефикасност

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 05/12/2012 – 31/05/2018

Партнери на Правдико