Правдико

   

Се подготвуваат изменини во Законот за административни службеници

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Делот од испитот за проверка на интелектуалниот капацитет и тестот на личност, содржани во актуелниот закон само ја усложнуваат постапката за селекција на кандидати за вработување, а притоа значително не придонесуваат за вработувања врз основа на заслуги.

Нецелисходни се и барањата за меѓународно признатите сертификати за познавање на еден од трите светски јазици, што претставува и финансиско оптоварување за кандидатите без извесност за сигурно вработување.Во однос на постапката за унапредување, сегашното ригидно решение согласно кое административен службеник може на интерен оглас да се унапреди само во едно повисоко ниво доведува до неможност за кариерен развој на административни службеници кои подолго време се на најниски нивоа во рамки на категоријата.Во Законот е регулирано дека оценувањето резултира со мерки за одличен и слаб ефект.Ако целта е подобрување на работењето на администрацијата и на услугите, тогаш сигурно овие мерки не придонесуваат за остварување на истата.

Предложените изменувања и дополнувања на Законот за административни службеници имаат за цел подобрени и поедноставени постапки за селекција, унапредување и оценување на административните службеници, со што ќе се зголеми бројот на компетентни кандидати за вработување, но ќе придонесе и за задржување на квалитетни и мотивирани вработени во јавната администрација во Република Македонија.

Временската рамка за изготвување на предлог законот е до 08.09.2017 година.

Партнери на Правдико