Правдико

   

Се спремаат измени во Законот за Академијата за судии и јавни обвинители

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од денот на примената на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 20/15) со кој беа предвидени нови услови за избор на Директор, членови на Управниот одбор и Програмски совет на Академијата, се уште не е извршен нов избор на овие органи согласно предвидените законски услови.

Имено, по истекот на мандатот на претходно именуваните директор, членови на Управниот одбор и Програмскиот совет на Академијата согласно условите од Законот за Академија за обука на судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/2010, 166/12 и 26/13), истите се уште ги извршуваат нивните надлежности, иако немаат мандат. Со ова се доведува во прашање легитимноста и функционирањето на Академијата, односно примената на законот. Иако поминале повеќе години, предвидените органи сеуште не можат да се формираат и да функционираат.

Основна цел на Законот е отстранување на формалните критериуми кои претставуваат пречка за ефикасно функционирање на органите на Академијата.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 05/12/2017 – 31/12/2017

Партнери на Правдико